ЖЕНСКО Е ПРВОТО РОДЕНО БЕБЕ ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА-БИТОЛА

news
Advertisement

Во 2.07 часот во Клиничката болница во Битола, на свет дојде Илина, првото новороденче родено во оваа установа во 2024 година.

Advertisement

По Илина, родени се и две машки бебиња.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ги посети мајките и новороденчињата и во име на општината им додели пригодни подароци.

Денес сме тука со колегите од мојата професија, каде што присуствуваме на убав чин, каде во име на граѓаните и на општина Битола да поделиме скромни подароци за новороденчињата. Битола ја доби Илина, убаво женско име кое ќе го краси градот, честитки за родителите, а по Илина се родија и две машки бебиња. Добро здравје и успеси за сите, а болницата да расне со нов персонал“, рече градоначалникот Коњановски.

Во првиот ден во 2024 година, честитки до мајката, бебето да е здраво и живо, да расте во бериќет со своето семејство. На персоналот кој одговорно работеше во Новата година, честитки и само успеси. Не само на одделението за гинекологија туку и на сите одделенија, каде што работеа дежурните екипи. Ноќта помина мирно, без потешкотии“, рече директорката на Клиничка болница, д-р Елизабета Ивановска.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.