Заврши обдукцијата, телото на Вања е предадено на семејството

news
Advertisement

Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје е завршена во текот на вчерашниот ден и телото е предадено на семејството, потврдуваат за МКД.мк извори од истрагата. Анализите по извршената обдукција која треба да ги утврди причините за насилната смрт, времето кога девојчето починало… се во тек и откако целосно ќе завршат, ќе биде изготвен обдукционен извештај кој со сите комплетни податоци и анализи ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство Скопје. Овој извештај ќе биде дел од клучните докази во истрагата за овој грозоморен настан.

Advertisement

Четиринаесетгодишното девојче кое исчезна на 27 ноември во 7,30 часот, беше најдено убиено неколку дена подоцна.

Во околината на Велес беше најдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат. Официјалните информации се дека исти лица ги убиле и Вања и велешанецот.

Осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски завчера завршија во притвор од 48-часа кој завршува утре. Дали ќе се бара дополнителна мерка ќе треба да соопшти ОЈО Скопје. Притвор од 2 дена вчера доби и таткото на Вања осомничен дека учествувал во грозоморниот чин на грабнувањето на наеговата ќерка, која потоа беше убиена.

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.

Од скопското Јавно обвинителство информираа дека за осомничениот Палевски кој е во бегство, по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривичните дела грабнување и убиство. Денес Основниот кривичен суд му определи мерка притвор во отсуство која ќе почне да важи по неговото пронаоѓање.

Извор.

Заврши обдукцијата, телото на Вања е предадено на семејството

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.