Загина 63-годишен маж, воз удри во него кај Градско

news
Advertisement

63-годишен маж загина кај Градско откако утрово во него удрил патничкиот воз на линијата Гевгелија – Скопје.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) извести дека поради несреќата во прекин е железничката линија Гевгелија – Скопје.

Advertisement

„Регионалниот ЦУК Велес, извести дека во утринските часови патнички воз што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, на железничката станица кај Градско удрил во едно лице. Железничкиот сообраќај е во прекин, според информацијата на Македонски железници. Се работи за маж роден 1960 година, велат од Центарот за управување со кризи.

Итната медицинска помош од Велес на лице место констатирала смрт што настапила по ударот од возот.

На терен се излезени полиција и јавен обвинител. Во тек е увид на местото на несреќата, соопштија надлежните.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.