Заев: Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка

news
Advertisement

Поранешниот премиер на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска на својот фејсбук-профил реагираше на одлуката на Апелацискиот суд да ја укина првостепената пресуда за Таргет-Тврдина, откако претходно ја укина и првостепената пресуда за Трезор и предметот го врати на повторно постапување.

Advertisement

Стотици илјади граѓани со години се боревме да ги срушиме алчните арамии од режимот и успеавме. Сега, некој се исмева со таа борба и се обидува да ја ништи освоената правда. Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви громорозни дејствија со кои се газат масовно човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција, напиша Заев на Фејсбук.

Тој прашува „што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам“.

Заев ги повика „сите надлежни од и околу правосудството, сите со грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ, да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сѐ виновниците да одговараат бидејќи за нивните злодела има докази чисти како ден“.

За потсетување, во образложението на судот се вели дека „првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка кои се од апсолутен карактер“.

„Таргет“ беше капиталниот случај заради кој беше формирано СЈО, предмет што се однесуваше на незаконското следење на над 4.000 телефонски броеви без судски наредби, со кое биле опфатени околу 20.000 граѓани. Повторното постапување за овој предмет, според сите досега видени модалитети за одложувања, води кон единствен сигурен исход – негово застарување.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.