Заклучоци од самитот Брдо-Бриони: Поддршка за кандидатски статус за БиХ и безвизен режим за целиот регион

news
Advertisement

Учесниците на денешниот самит на Процесот Брдо-Бриони донесоа заеднички заклучоци со кои се бара забрзување на процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан и барање кандидатски статус за членство во ЕУ за Босна и Херцеговина и безвизен режим за целиот Западен Балкан до крајот на 2022 година.

Advertisement

Шесте усвоени заклучоци денеска на Твитер ги објави словенечкиот претседател Борут Пахор, кој заедно со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ беа домаќини на средбата во Брдо кај Крањ, Словенија:

„1. Повторно ја нагласуваме важноста на проширувањето на ЕУ како најдиректен придонес за одржување на мирот и стабилноста во регионот, што е повеќе од кога било геополитичко прашање.

2. Се залагаме за побрз процес на интеграција во ЕУ согласно добро познатите услови за членство.

3. Повикуваме на доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина до крајот на 2022 година.

4. Повикуваме на воспоставување безвизен режим за целиот Западен Балкан до крајот на 2022 година.

5. Ја повикуваме ЕУ да застане на страна на Западен Балкан во ублажувањето на последиците од економската и енергетската криза.

6. Ја потврдуваме нашата посветеност на дијалогот како единствен начин за надминување на разликите и отворените прашања во регионот“.

На самитот Брдо-Бриони во брдо кај Крањ учествуваа претседателите на Македонија Стево Пендаровски, на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, на Косово Вјоса Османи, на Србија Александар Вучиќ, претседателот на Албанија Бајрам Бегај, тројцата членови на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ, Милорад Додик и Шефик Џаферовиќ.

Домаќини беа претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Зоран Милановиќ./mk.tv21.tv/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.