Запален уште еден автомобил на затворски чувар од Идризово

news
Advertisement

Уште еден автомобил на затворски полицаец од Идризово бил опожарен ноќеска. Запалено е возило Мерцедес кое е во сопственост на чувар во затворот.
„Мерцедесот“ бил паркиран во дворот на чуварот, во неговиот дом. Пожарот се случил два часа по полноќ во скопско Ново Село. Чуварот го забележал пожарот и реагирал бргу и самиот го исгаснал по што пријавил во полиција.

Advertisement

„На 25.04.2023 во 01.56 часот во СВР Скопје, Љ.К. – вработен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека во неговиот двор во с.Ново Село, скопско, било опожарено неговото патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Љ.К. сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ велат од МВР

Ова не е прво возило на вработен во Идризово кое е опожарено. Неколку случаи имаше во изминативе шест месеци.

Само пред неколку дена, на 17 април изгоре службениот автомобил на заменик директорот на затворот Идризово, Феми Јонузи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.