Започна грејната сезона, но гас има само за 15 дена

news
Advertisement

Утрово двете топлани за топлинска енергија во главниот град ја започнаа зимската сезона. Но, тие грееја само три часа, бидејќи надворешната температура беше оптимална. Топланите Исток и Запад во овие три часа потрошиле околу 997 мегават часови топлинска енергија, иако не е вклучено цело Скопје. Директорот на Електрани на Македонија, институција што ги доби лиценците за топлење, рече дека 85 станбени згради имале проблеми поради тоа што имале технички проблеми. Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски рече дека потребниот гас бил купен изминативе две недели.

Advertisement

Според анализите на договорите, со топлинско греење во Скопје се греат околу 55 илјади домаќинства. Но, топланата Север не работеше воопшто. Таа е во стечајна постапка и не премина во рацете на ЕСМ. Во неа веќе една година не се направени соодветните ремонти. Таа грее околу 500 семејства кои останаа заложници на владините процедури за лиценцирање на ЕСМ. Сепак, министерот за економија вели дека ќе се стават во функција сите домашни капацитети за производство на енергија за да нема недостиг од парно или струја.

„Не е предвидено да има рестрикции во снабдувањето со топлинска или електрична енергија. Сите енергенси се обезбедени, но не ги купуваме одеднаш затоа што ако ги платиме два месеци од напред, ќе нè чинат три пати повеќе од сегашната цена. Еве конкретен пример – цената по која го купивме природниот гас за овие две недели беше повисока од понудата што ја добивме за ноември“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Грејната сезона ќе трае до крајот на април, а од Регулаторната комисија за енергетика најавија дека во јануари ќе има и нова цена на струјата, која се очекува да биде повисока.

Аднан Ќаили

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.