Затворен хотелот во Будва во кој се затруле со храна 96 туристи

news
Advertisement

Масовното труење со храна се случило во хотелот „Лоза“ во Будва кој претходно неколку пати бил пломбиран поради неисполнување на здравствени и санитарни услови.

Advertisement

Вкупно 96 странски туристи претрпеле масовно труење со храна во хотелот, по што денеска туристичката инспекција во Црна Гора донесе одлука за целосно запечатување на хотелот. Директорката на управата за туристичка инспекција Ана Вујошевиќ изјави дека утврдиле дека хотелот воопшти нема лиценца за работа и поради тоа ќе биде запечатен и секоја соба посебно ќе биде пломбирана откако преостанатите гости денеска го напуштат хотелот.

Локалните медиуми јавуваат дека затруените туристи се од Полска, Италија и Хрватска. Дел од нив додека патувале низ Црна Гора и се пријавиле кај лекарите од здравствените установи во градот каде што се нашле, во Цетиње, Бар и Котор.

„Синоќа околу 22:00 часот во просториите на Општата болница Котор биле донесени триесетина пациенти со акутен дијареален синдром и повраќање. Пациентите се соодветно згрижени, поставена е комплетна дијагноза и сите се отпуштени во генерално добра состојба“, изјави директорот на болницата во Котор, д-р Давор Комбуровиќ.

Дел од медиумите јавуваат дека хотелот најмалку 8 пати бил казнуван со затворање од инспекции, но и покрај забраните незаконски продолжувал со работа. За последниот инцидент е известено и обвинителството.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.