За да заштеди струја, Тојота прекина производството во една фабрика

news
Advertisement

Јапонскиот Toyota Motors во вторникот објави дека ја прекина работата во фабриката во кинеската провинција Сечуан, откако властите издадоа наредба за заштеда на електрична енергија.
Фабриката на Тојота во Сечуан нема да работи до сабота, изјави портпаролот.
Провинцијата Сечуан ја рационализираше потрошувачката на енергија од страна на индустријата за време на најлошиот топлотен бран во последните 60 години, принудувајќи ги производителите на ѓубрива, литиум и други метали да ги затворат погоните или да го намалат производството.

На индустриските потрошувачи во 19 од 21 град во Сечуан им беше наредено да го прекинат производството од 15 до 20 август за да им се даде приоритет на снабдувањето со електрична енергија на станбените згради, се вели во соопштението објавено од Администрацијата за економија и информатичка технологија во неделата.

„Тојота“ не сака да каже како прекинот ќе се одрази на обемот на производството.
„Ја следиме ситуацијата секој ден и ги следиме насоките на владата“, изјави портпаролот на јапонската компанија.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.