Advertisement
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го посети Вашингтон каде ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден, потврдија од Белата куќа.
Advertisement
На Конгресот ќе се обрати и претседателот на Украина. Зеленски ја потврди посетата на САД на Твитер, наведувајќи дека тоа ќе биде можност за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина.
Според претходната изјава на висок американски функционер, помошта ќе го вклучи и системот за противракетна одбрана „Патриот“.
Заминувањето во Вашингтон ќе биде прво патување на Зеленски надвор од земјата по руската инвазија во февруари.
Advertisement