Зеленски: Продолжува тешката битка за Донбас

news
Advertisement

– Битката за Бахмут и Соледар, за Кремина, за другите градови и села на истокот од земјата продолжува. Иако непријателот ги концентрираше најголемите сили во оваа насока, нашите војници – вооружените сили на Украина, сите одбранбени и безбедносни сили – ја штитат земјата“, рече Зеленски.

Advertisement

Тој се заблагодари на „секој војник, наредник и командант на бригадата и другите единици на армијата кои храбро и непоколебливо ги извршуваат поставените задачи“.

– Им благодариме на борците на единицата „Кракен“ за решителните акции за уништување на непријателот во Соледарскиот регион. Им благодариме на војниците на Меѓународната легија на главната разузнавачка служба на Министерството за одбрана и на единицата „Шаман“, кои храбро го бранат Бахмут, рече Зеленски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *