Фолк- пејачката Сузана Гавазова имаше спектакуларен настап пред турската публика во Истанбул.
Ова не е прв пат пејачката да има настап во оваа земја. Минатата година таа беше гостинка и зема награда на фестивалот „Најдоброто од Румели“.
Настапите на Гавазова во оваа земја се секогаш посетени, а пејачката е почитувана и популарна во Турција.
На настапот пејачката беше облечена во портокалов миди фустан со корсет, нејизниот изглед го надополни венчето од цвеќиња на нејзината коса. Ретко имаме можност да ја видиме во вакво издание, кое одговара на оваа пролетна сезона.
Сузана Гавазова приватно имаше можност да се подружи и со пејачката Сенида, со која сними и кусо креативно видео како танцуваат на песна.
„Најдобра и најубава, моја Сенида“, напиша Сузана на инстаграм приказната.
Познатиот турски водител Јусуф Емини кој воедно е и организатор и водител на Меѓународниот балкански фестивал, за Сузана Гавазова при гостување во поткаст вели дека нашата Сузана во Турција е Шакира.
Фото: Инстаграм