Време е во Македонија да ги измешаме картите, дајте да ги видиме паметните луѓе, кој може да не’ внесе во зона на правење реформи.
Говорот на омраза акумулира гнев. Ние во моментот скапуваме, сега е Палчо, утре некој друг Палчо ќе се случи ако не ги почнеме интеграциите. Како што американците прават брутални потези треба и ние, за да се освестиме.
Ни дал некој буџет, ни дал комоција, ни дал граници, и ние немаме одговорност кон ништо. Ако ние не седнеме и да се договориме, борбата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде до бескрај. Нели по 2001 тогашните проблеми ги решивме со Рамковниот договор, а сега ВМРО-ДПМНЕ зборува за албанизација и затоа ни треба ЕУ да дојдеме на шина, за да се занимаваме со реформи. Не си способен да ги поапсиш криминал и затоа ти треба ЕУ. Време е во Македонија да ги измешаме картите, дајте да ги видиме паметните луѓе во Македонија, кој може да не внесе во зона на правење во реформи, треба да се внесеме во реформи. Ти велиш, ВМРО-ДПМНЕ ако победи ќе коалицира со Албанската опозиција, јас велам не, треба да се коалицира со некој кој што дели слични програми во начинот на делување, рече Љупчо Зиков во вечерашната Само Вистина.