Зијадин Села го пречека Алими кој по шест години излее од затвор

news
Advertisement

Зијадин Села денеска пред затворот во Идризово го пречека Абдуљфета Алими, на кој после шест години му заврши казната затвор за „Крвавиот четврток“. Тој на својот Фејсбук-профил го снимаше во живо излегувањето на Алими.
„Слободата е скапа“, изјави Алими пред медиумите. Тој порача дека е добар со здравјето и се заблагодари на неговото семејство, како и на Села за поддршката.

Advertisement

Села порача дека денеска се чувствува така како што би се чувствувал и член од семејството на Алими и го нарече „брат кому му го должи животот“.

-Од 27 април ми стана пријател, брат, член на семејството. Денес се чувствувам слободен како што се чувствува Фета. Се чувствувам горд на непобедливоста и машкоста на Фета, овој човек никогаш не се понижи, рече тој.

Алити на 27 април 2017 година, како вработен во обезбедување на Собранието, ги предаде клучевите на поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски и Крсто Мукоски, кои ги отворија вратите и овозможија демонстрантите да упаднат во законодавниот дом. Но, тој исто така, го спаси Зијадин Села од демонстрантите кои сакале да го убијат тогашниот лидер на Алијанса.

Пред судот, Алими раскажа како насилниците се тргнале од Села откако тој им кажал дека е мртов и потоа го однел во една од канцелариите на Собранието и по неколку часа, откако пристигнала полицијата тој бил изваден од законодавниот дом, маскиран во полицаец и пренесен во болница.

Алими е прв од 17-те лица кои се осудени за „Крвавиот четврток“, кој излегува од затвор. Судијката Добрила Кацарска тогаш појасни дека казната е помала оти го спасил Села, но сепак сторил кривично дело со тоа што ги предал клучевите од Собранието.

По Алими, следен на слобода треба да излезе е Александар Василевски-Нинџа, на 11 јуни 2025 година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.