Злоупотреби во време на пандемија – купени 150 луксузни автомобили, потрошени над 3 милиони евра

news
Advertisement

Низа злоупотреби за време на пандемијата, наместо маски и друга опрема за медицинскиот персонал, средствата биле искористени за други цели. Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница меѓу другото расправаше и за злоупотребите на институциите за време на пандемијата, главно за купените службени автомобили од страна на државните институции.

Advertisement

Податоците со кои располага комисијата се загрижувачки. Претседателката Билјана Ивановска од Антикорупциска вели дека не се само два автомобили кои беа познати во јавноста, туку станува збор за 150 нови автомобили, додека државата не можеше да обезбеди соодветна заштита за сите граѓани.

Загрижувачки е фактот што државните институции за време на пандемијата и економска криза, ангажираат правни лица за извршување на работите што треба да ги извршуваат административците кои веќе работат во овие институции. Од Антикорупциска велат дека купувањето службени автомобили и ангажирањето надворешни соработници во државни институции се индиција за корупција.

Од таму велат дека за секоја ситуација во земјава особено во време на криза, во која се случуваат злоупотреби,треба да се преземат итни мерки од страна на надлежните институции.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.