Зошто не треба да се пие флаширана вода

news
Advertisement

Загрижувачко откритие на научниците: Во литар флаширана вода се наоѓаат најмалку 100.000 честички нанопластика?

Advertisement

Честички нанопластика се пронајдени во флаширана вода од 3 популарни произведувачи. Каков е нивниот ефект врз здравјето на луѓето?

Студијата спроведена на Универзитетот Колумбија во Њујорк покажала дека флашираната вода содржи честички нанопластика, доволно мали за да влезат во клетките на нашето тело, пренесува „CNN“.

Флашираната вода може да содржи 10 до 100 пати повеќе пластични честички отколку што се мислело. Станува збор за наночестички, толку мали што не можат да се видат ни под микроскоп.

Тие се 1000 пати потенки од просечната дебелина на еден прамен човечка коса и можат да поминат низ ткивата на дигестивниот тракт или белите дробови во крвотокот, каде потоа можат да шират потенцијално штетни синтетички хемикалии низ телото и клетките.

Еден литар вода содржел во просек 240.000 честички од 7 различни видови пластика, од кои околу 90% биле идентификувани како нанопластика, а остатокот биле честички микропластика.

Микропластиката е фрагмент на полимер кој може да биде со големина од 5 милиметри до еден микрометар. Сите помали честички спаѓаат во нанопластика и се мерат во милијардити делови од метар.

Студијата објавена во понеделникот во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“ претставила нова технологија која може да ја измери и анализира хемиската структура на наночестичките во флаширана вода.

Наместо 300 на литар, тимот открил дека флашираната вода што се продава во Америка содржи помеѓу 110.000 и 370.000 честички. Биле анализирани примероци од три „популарни брендови на вода“, но авторите на студијата одбиле да ги именуваат. Научниците забележале милиони наночестички во флаширана вода, кои би можеле да бидат неоргански, органски или да припаѓаат на вид пластика што не е вклучена во седумте анализирани.

Експертите сметаат дека нанопластиката е голема причина за грижа за здравјето на луѓето. Овие ситни честички можат да навлезат во клетките и ткивата на важни органи, да ги нарушат клеточните процеси и да складираат хемикалии кои го нарушуваат ендокриниот систем како бисфеноли, фталати, тешки метали…

„Сите тие хемикалии се користат во производството на пластика и таа ги носи со себе кога ќе влезе во нашето тело. А бидејќи температурата на телото е повисока од надворешната, тие хемикалии ќе излезат од пластиката и ќе завршат во нашето тело. Тие можат да стигнат до црниот дроб, бубрезите, мозокот или преку плацентата да завршат кај сè уште нероденото бебе“, објаснила Шери Мејсон, директорка за одржливост на Универзитетот во Пенсилванија, која не учествувала во студијата.

„Луѓето не размислуваат за фактот дека пластиката отпушта парчиња, исто како што нашето тело постојано ги отфрла клетките на кожата“. додала таа.

Меѓународната асоцијација за флаширана вода се огласи со кратко соопштение за „CNN“.

„Новиот метод мора да биде целосно тестиран од страна на научната заедница. Потребни се повеќе истражувања за да се развијат стандардизирани методи за мерење и квантифицирање на нанопластиката во нашата средина. Во моментов, нема ниту стандардизирани методи ниту научен консензус за штетноста на нано и микропластиката. Затоа, медиумските написи за овие честички во водата за пиење само ги вознемируваат потрошувачите“, се вели во соопштението.

НАНОЧЕСТИЧКИ

ПЛАСТИКА

ФЛАШИРАНА ВОДА

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.