Ивановска: Со алчноста никаде не се стасува, како можат мирно да спијат поединци кога други немаат за леб

news
Advertisement

Во државава проблемот број еден е корупцијата, ниту уставните измени не се толку клучни за влез во Европската унија, смета претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска, чиј мандат како и на другите членови на ДСКС истекува на почетокот на идната година. Едно неодамнешно истражување посочи дека перцепцијата на граѓаните е дека политичарите, министрите, политичките партии, судиите и обвинителите се најкорумпирани во државава, а царува и ситната корупција.

Advertisement

Таа додава дека и судиите се соочуваат со проблеми во работата и не е само надворешна перцепција дека судството е корумпирано, туку тоа го тврдат и судиите за дел од своите колеги:

-Самите судии кажаа дека имаат ниска доверба во Судскиот совет, дека сметаат дека Судски совет не ги бира најдобрите судии, дека се врши влијание врз судиите, влијанието го вршат судии од повисок ранг и членови на Судски совет, вештите лица исто така се битен фактор, од начинот на пријавување на предметите, колку пати некој адвокат ќе го пријавува истиот предмет за со електронскиот систем предметот се падне кај саканиот судија, посочија голем број на ризици коишто го дерогираат целиот овој сектор. Во отсуство на соодветен интегритет, не верувам дека сите судии се расипани, има и чесни судии, но дали може да дојдат до израз. Затоа треба да се јакне интегритетот и кај судиите и кај обвинителите и конечно кога знаат дека иднината на нашата земја најмногу зависи од тој сектор треба повеќе да се вложат за да видиме некој позитивен исход, вели Ивановска.

Таа очекува новиот состав на ДКСК да продолжи со успешна работа во сузбивањето на корупцијата и се нуди да им помогне на наследниците во Комисијата.

– Стојам на располагање да помогнам да продолжи процесот понатаму. Направивме аналитички центар кој треба да се развива,тренинг центар за обуки, Национална стратегија за борба против корупцијата и слично. Треба да го вложат својот личен интегритет, за да се стави браник и да нема влијанија. Тоа е најважно за нашата институција, вели Ивановска.

Извор. https://www.slobodenpecat.mk/video-intervju-ivanovska-so-alchnosta-nikade-ne-se-stasuva-kako-mozhat-mirno-da-spijat-poedinci-koga-drugi-nemaat-za-leb/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.