Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+)

news
Advertisement

Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклучуваат пенетрација, но можат да причинат задоволство и кај двата партнера.

Advertisement

Кога ќе се спомене „добар секс“, речиси сите замислуваат пенетрација. Но, постојат разни причини зошто можеби едниот или двата партнера не во состојба за „класичен“ секс.

Ако сте во ваква ситуација, или само сакате да пробате нешто ново, секогаш можете да му дадете шанса на сексот без пенетрација.

Неколку идеи што можеби ќе ви се допаднат:
Посветете време на перинеумот
Перинеумот е делот помеѓу пенисот/вагината и анусот и е место со многу нервни завршетоци. Поради ова, стимулацијата на оваа точка предизвикува задоволство и кај двата пола.

Стимулацијата со помош на јазикот е уште една добра идеја.

Направете игра со „текстури“
Врзете му ги очите на партнерот, а потоа галете го по целото тело користејќи предмети со различна текстура: кожни ракавици, сунѓер, дрвена лажица, метален предмет…

Бидете нежни и стимулирајте различни места кај вашиот партнер. Притоа зборувајте му одредени работи кои уште повеќе ќе го зголемат задоволството.

Орален секс
Кога станува збор за секс без пенетрација, оралниот секс е доста познат.

Бидејќи повеќето женски оргазми се случуваат со стимулација на клиторисот, оралниот секс е корисен начин за зголемување на задоволството без прескокнување на интимноста.

Фротажа“
„Фротажа“ е уште еден збор кој се користи за меѓусебно триење. Може да го правите ова голи или со облека на себе.

Секс по телефон
Последно, но не и помалку важно, е да се спомене и сексот по телефон. Без разлика дали го правите на далечина или го користите како еден вид предигра во текот на денот, сексот по телефон е имагинативен начин да се чувствувате поблиски кога не сте заедно.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.