Advertisement
Advertisement
Сите почнаа да трчаат надвор, раскажа за МИА, Марија Тасева, 20-годишна девојка која е една од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани.
Таа вели дека сите гледале да се спасат.
„Сестра ми е изгубена. Не можеме да ја најдеме во никоја болница. Сега чекаме тука резултати дали ќе ја најдеме, ако не, на крај во Скопје. Излегувајќи надвор паднав на земја и другите газеа врз мене, едноставно бев на земја со образот“, изјави Тасева.
Нејзиниот татко вели дека немаат информација за втората ќерка која има 25 години.
Advertisement