Изречени 315 санкции за брзо возење на територија на целата држава

news
Advertisement

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 315 возачи.

Advertisement

Од нив, како што известија денеска од МВР, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 182 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 133 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. и се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.