Или повисоки плати или штрајк – вработените во Обвинителствата и судовите со ултиматум

news
Advertisement

Вработените во Обвинителствата и судовите наредната недела, во сред и четврток, излегуваат на штрајк за да ги добијат додатоците кои им се загарантирани со закон а веќе половина година не ги добиваат, но и да им се зголемат платите како и на избраните и именувани функционери во висина од 78 отсто.

Advertisement

Штрајкот ќе трае сѐ до исполнување на барањата а ќе се работат само итните и недоложни предмети пропишани со закон. Станува збор за околу 2.500 вработени за кои е побарано во ребалансот на Буџетот да се најдат средства.

Од УПОЗ велат дека и во Државното правобранителство, Управата за заштита на културно наследство и во Фондот за здравствено осигурување можно е да се стапи во штрајк.

Според УПОЗ избраните и именувани функционери заклучно со март следната година ќе добијат уште 12 отсто повисоки плати, што значи дека за една година ќе добијат речиси двојно повисока плата за разлика од останатите вработени на кои паѓа најголемиот товар од работата, кои ќе добијат 10 до 12 отсто.

Од ССМ позбараа да нема политички борби на расправата за законите со кои ќе се обезбедат средства за зголемување од 10 отсто повисоки плати за вработените во јавен сектор и чекаат одговор на иницијатава доставена до пратеницте за укинување на заголемувањето на платите на избрабните и именувани функционери

Претсавниците на ССМ ги потсетија раководителите во јавниот сектор дека се должни да ги применат законските измени и зголемувањето на платите од 10 отсто со септемвриската плата, и доколку е потребно да изготват решенија за секој вработен.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.