Имала секс секој ден во годината: Еве зошто тоа беше најдобрата одлука што сум ја донела

news
Advertisement

Кога сте во долга врска, сексот многу лесно може да исчезне. Еве што се случува кога ќе се посветите на секс секој ден во текот на годината.

Advertisement

Секој кој бил во долготрајна врска знае дека кога станува збор за сексот, понекогаш тие редовни сесии во спалната соба можат да останат на последното место зад обврските, работата и децата.

Но, авторката на блогот Brittanyherself.com, Британи Гибонс си поставила време за секс со нејзиниот сопруг секоја вечер во годината, 365 дена. Таа вели дека тоа не ја осигурало од развод, но ѝ ја зголемило самодовербата. Британи објаснува дека по третото дете не се сакала себеси гола.

Ги држев исклучени светлата за време на сексот, ги покривав стомакот и градите и чекав сопругот да излезе од спалната соба пред да отидам до плакарот за да се облечам откако ќе се истуширам“, напишала таа.

Наскоро почнала да се грижи поради тоа што нејзиниот сопруг веќе не знаел како таа изгледа гола. Откако разговарала со пријател, таа одлучила да има секс секој ден во текот на една година како начин да се присили да се „соочи со своето тело“, а нејзиниот сопруг бил подготвен кандидат.

Така, тие имале секс секој ден – освен кога патувањето и грипот им биле пречка. Британи објаснила дека на почетокот не било воопшто лесно – некои денови била премногу уморна и не сакала никој да ја допира, „но, како што минуваа месеците, почнав да се радувам на тоа“, објаснила таа.

Набрзо таа изјавила дека љубовната врска со интимност почнала да се чувствува и надвор од спалната соба.

„Бевме поромантични еден со друг, се допиравме со раце додека се разминувавме, се бакнувавме подолго пред работа, а не само бакнеж во уста. Нашата врска беше посилна и подобра кога нашата интимност процвета“.

Но, она што најмногу ја изненадило е како почнала да се чувствува за себе. До крајот на годината таа била среќна кога шетала гола – повеќе не трчала од тушот до спалната соба.

„Редовниот секс со мојот сопруг не го прави мојот брак отпорен на развод или имун на неверство или гнев, но ми помага да се чувствувам доволно добро во сопствената кожа за да го преживеам тоа доколку се случи“, изјавила таа.

„Постојат неколку парови, терапевти и книги кои се залагаат за секс секој ден во текот на една година како начин да го подобрите вашиот брак или врска“, вели д-р Габи, експерт за односи за „Bodyandsoul“.

„За многу парови кои малку се оладиле, ова може да биде корисно за повторно поврзување, обновување на интимноста, повторно давање приоритет на времето заедно како пар. Исто така, може да ја подобри самодовербата, да го зголеми вашето чувство на сигурност и да ја зголеми вашата желба да бидете дел од „тимот“ што е во заедничкиот живот“, додава д-р Габи.

Д-р Габи забележува дека можеби не е практично секој да има секс секој ден – но таа предлага да го пробате барем еден месец и да видите кои се придобивките.
Важно е да се разбере дека сексот не мора секогаш да биде пенетрација; тоа може да биде сесија на бакнување во тинејџерски стил во кујната или едноставно чин на покажување колку се грижите.

Што се однесува до Енди и Бритни, три години подоцна тие сè уште имаат секс секоја вечер.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.