Им земал неколку возила како гаранција, им се заканувал а подоцна се обидел и да ги принуди да му ја дадат фирмата – 35-годишено лице од Тетово доби кривична пријава

news
Advertisement

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Т.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“, „изнуда“ и „загрозување на сигурноста“.

Advertisement

Имено, во ноември 2020 година, при давање парични средства на заем, пријавениот од лице од с.Градец како гаранција одзел неколку возила во вредност од околу 70-80.000 евра. Со тек на време должничкиот износ со камати достигнал износ од околу 200.000 евра, а лицето се договорило со пријавениот долгот да се исплаќа на рати.

Откако биле вратени 80.000 евра и лицето задоцнил со исплата на ратата, пријавениот во повеќе наврати со јавување и испраќање пораки упатил закани по животот на Х.В. и неговиот син, барајќи да му исплатат 750.000 евра, а се обидел да го принуди да му ја префрли неговата фабрика.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.