Нови инциденти во Парламентот на Албанија каде денеска во рок од пет минути со мнозинство гласови беше усвоен буџетот за 2024 година, но седницата ја одбележаа пратениците од опозицијата кои активираа димни бомби, јавува ABC News.
Веднаш штом започна седницата, пратениците од опозицијата направија барикади од столчињата, а потоа активираа димни бомби.
Опозициските пратеници се обиделе да го блокираат подот со столчиња, но обезбедувањето ги спречило, по што опозиционерите Газмент Барда и Рамадан Лика се судриле со обезбедувањето.
Седницата траеше околу пет минути, а буџетот беше начелно изгласан, бидејќи немаше расправа, бидејќи Собранието беше во чад, а во еден момент избувна и мал пожар.
На оваа седница присуствуваше и премиерот на Албанија, Еди Рама, но набрзо ја напушти.
ИЗВОР: https://faktor.mk/novi-incidenti-vo-sobranieto-na-albanija-pratenici-aktiviraa-dimni-bombi-gi-zapalija-sobraniskite-klupi-video