Драма во Торино: Јувентус славеше пресврт, судијата го поништи голот за победа (Видео)

news
Advertisement

Јувентус освои само бод против Салернитана (2:2) на домашен терен, иако домаќините барем за момент славеа голем пресврт во Торино.

Advertisement

Гостите одлично ја почнаа сезоната, а тоа го потврдија и вечерва, па на полувреме водеа со 0:2, шокирајќи го фаворитот и неговите фанови.

Кандрева го отвори резултатот во 18. минута, а на истекот на полувремето, Бремер играше со рака по ударот на Пјонтек, па полскиот фудбалер доби можност и реализираше од пенал за 0:2.

Јувентус уште во 51. минута најави камбек, а стрелец беше Бремер со глава, со што Бразилецот го постигна својот прв гол во дресот на „бјанконерите“.

Притисокот на домашниот тим и многуте промени во составот резултираа со пенал во 91. минута, а истиот иако не го реализираше, Бонучи го претвори во гол од втор обид, односно по одбиената топка од голманот Сепе.

Голема еуфорија на „Алијанц“ се случи само една минута подоцна кога Милик постигна гол за 3:2, но подоцна ВАР реагираше, а судијата сметаше дека Бонучи му пречел на гостинскиот голман од офсајд позиција и го поништи погодокот на Полјакот, кој пак доби втор жолт картон затоа што го соблече дресот славејќи го голот.

На теренот настана хаос, црвени картони добија и Фацио и Куадрадо, но немаше промени на резултатот, па гостите беа позадоволни со конечните 2:2.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.