КАВАДАРЦИ ЗАФАТЕНО ОД СИЛНО НЕВРЕМЕ Поплавена и општинската зграда

news
Advertisement

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на социјалните мрежи објави дека неговиот град е зафатен од силно невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења.
Според првичните информации, до повикувачкиот центар во општината се пристигнати дваесетина пријави за поплавени подрумски простории. Екипи на ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец и “Мој општинар” се на терен.

Advertisement

За половина час наврнале 40 литри/м2. На улица ,”Беласица” се отстранува паднато дрво од силниот ветер, а се расчистуваат и наноси од кал“, информира Јанчев.
Од силниот дожд вода има навлезено и во зградата на Општина Кавадарци.
Оттаму ги известуваат сите граѓани кои имаат било каков проблем да се јават во Кол Центарот на општината на бројот 13 300.

За невремето информираат и од Центарот за управување со кризи.
„Вечерва подрачјето на Кавадарци го зафати невреме проследено со обилни врнежи на дожд. Од невремето поплавени се десетина подруми од куќи, како и средишниот дел од главната ул.7-ми Септември на која во моментот 3 екипи со механизација работат на расчистување, а за испумпување на водата од поплавените подруми на терен се екипи од пожарната од Кавадарци со 2 пумпи и екипа од Комуналец од Кавадарци со две пумпи“, стои во објавата на фејсбук од страна на ЦУК.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.