Advertisement
Во Македонија се уште не е регистриран новиот сој на ковид 19, познат како Пирола или БА 2.86, кој во регионот се повеќе се шири.
Advertisement
Кавадарци е град со највисока ковид инциденца во Македонија. Според податоци од ИЈЗ, 35 од новозаболените во градот во август се реинфекции, а починало и едно лице од заболените. Најголем број од новите случаи се луѓе над 60 години.
На ниво на држава од стартот на пандемијата, до крајот на август годинава потврдени се вкупно 348.491 случај со ковид 19. Починаа 9.942, а вакцинирани се 876.142 со барем една доза од вакцината во државата и во странство, а две дози од вакцината примиле 857.221.
Извор: https://telma.com.mk/2023/09/15/kavadarci-so-najmnogu-kovid-bolni-noviot-soj-se-ushte-ne-e-registriran/
Advertisement