Како на филм: Кумановец бегал од полицијата, скршил рампа и излетал од пат

news
Advertisement

На 12.11.2023 околу 05.30 часот на автопатот А1, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Р.М.(47) и П.Ј.(51), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека со возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки биле претходница на патничко возило „рено меган“ со кумановски регистарски ознаки, во кое околу 01.30 часот биле пронајдени мигранти.

Advertisement

Имено, околу 01.30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица на автопатот А1 бил даден знак за запирање на возилото „рено меган“, но возилото продолжило со движење, скршило рампа на наплатата станица Смоквица, по што излетало од патот, а возачот го напуштил местото. Притоа, во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.