КАЛОЃЕРА: КОМУ МУ ПРЕЧИ БЛАЖЕ КОНЕСКИ? ВЕЛИКАНОТ ЗА СВОЈОТ НАРОД И ЈАЗИК? – УРИВАЈТЕ И НАТАМУ, БУДАЛИ, ТОЈ Е НЕУНИШТЛИВ!

news
Advertisement

ому тоа му пречи Блаже Конески? Кому толку му пречи тој великан, кој со својот уметнички и научен труд ги величал својот народ и својот јазик, па да му се уништува споменикот среде главниот град? Го презирам овој чин на бедниците, на необразуваните будали, на политичките полтрони. И без споменикот Блаже останува незаменлива величина.“ – со оваа жестока реакција се огласи професорот, славист и македонист од Хрватска Горан Калоѓера на својот фејсбук-профил, откако беше објавена веста дека е осквернавен е споменикот на великиот македонист-лингвист, поет, писател и професор Блаже Коневски, поставен во дворот на Македонската академија на науки и уметности во Скопје.

Advertisement

Инаку, непознати вандали ја искршиле плочата на споменикот, каде што е потпишан авторот, познатиот академски скулптор Томе Серафимовски. Споменикот во дворот на МАНУ беше поставен на 19.12.2011 на свечениот собир по повод 90-годишнината од раѓањето на првиот претседател на оваа институција Блаже Конески.

Горан Калоѓера напиша на фејсбук: „Кому тоа му пречи Блаже Конески? Кому тоа му пречи поранешниот ректор на скопскиот Универзитет, професорот на Филолошкиот факултет, дописниот член на Хрватската академија на науки, на Српската академија на науки и на Академијата на Босна и Херцеговина? Кому тоа му пречи првиот претседател на МАНУ? Кому тоа му пречи почесниот доктор на Универзитетот во Чикаго, во САД, и на Универзитетот во Вроцлав, во Полска?“

„Кому тоа му пречи авторот на бројните студии, есеи, збирки на песни, авторот на Македонската граматика и на Историјата на македонскиот јазик? Кому тоа му пречи преведувачот на Негош, на Хајне, на Блок, на Шекспир, на Неруда, на Вокер, на Мајаковски? Кому тоа му пречи носителот на наградата АВНОЈ, на наградата на Сојузот на писателите на СССР за преведување од рускиот јазик, носителот на Хердеровата награда, на Негошевата награда и наградата ‘Златен венец’ на Струшките вечери на поезијата?“

„Кому толку му пречи тој великан, па да му се уништува споменикот среде главниот град? Само на кутрите, на бедниците, на кукавивите и на изродите. Го презирам овој чин на бедниците, на необразуваните будали, на политичките полтрони.“

„На оние, кои го познаваат делото од неговото перо, им останува споменот на великанот, кој со чесен, хуман, уметнички и научен труд ги величал својот народ и својот јазик. За мене лично, и без споменикот, Блаже останува незаменлива величина. А вие, будали, уривајте и натаму, нам ни остануваат неговите книги, неуништливиот споменик нему!“

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.