Камион со дрва се преврте во каналот во Радишани

news
Advertisement

Камион со дрва во текот на вчерашниот ден паднал во канал во Радишани, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Advertisement

„По информацијата добиена од дежурниот во ЦУК за паднат камион товарен со дрва во канал во Радишани и остварениот контакт со дежурниот во шумска полиција, добивме информација дека се запознаени со случајот, се во кординација со ПС Чаир и со полицијата вршат увид на самото место на несреќата со записник за истата“, соопшти ЦУК.Од Центарот за управување со кризи велат дека по завршениот увид од страна на шумската полиција возилото товарено со дрва ќе биде извлечено од каналот и транспортирано до Агенцијата за управување со одземен имот.

„До промена на смената на дежурниот во шумска полиција не е добиен одговор дали возилото е извадено од каналот“, информираат од ЦУК.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.