Каратистот од Велес кој учествувал во киднапирањето на Вања уапсен во неговата школа за боречки вештини пред учениците

news
Advertisement

За киднапирањето и убиството на 114-годишната Вања Горчевска од Скопје осомничени се пет лица, а меѓу нив е и Боро Видевски, каратист од Велес, кој според локалните медиуми е уапсен во неговата спортска школа за боречки вештини.

Advertisement

Како што пишуваат медиуми, Видовски е приведен заедно со Велибор Манев и Влатко Кешишев.

Покрај киднапирањето, сите тројца се осомничени и за убиството на Вања Горчевска и 74-годишниот фризер од Велес, Панче Жежевски, и сите тројца добија притвор до 48 часа. Инаку, како што кажаа од обвинителството, на распитот откриле кога и каде биле убиени Вања и Панче.

„Го имаме признанието на осомничените кој за што одговара“, изјави во понеделникот главниот јавен обвинител Гаврил Бубевски на заедничката прес-конференција со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според првичните информации, тие во своите изјави рекле дека ја убиле Вања Ѓорческа бидејќи работата излегла од контрола.

„Тоа е нивната верзија“, истакна Бубевски.

Уапсениот Видевски на своите профили на социјалните мрежи има фотографии од децата кои ги тренирал во боречки вештини. Коментарите под фотографиите сведочат дека осомничениот бил карате мајстор и дека учениците и нивните родители го обожавале.

Засега не се знае каква била неговата улога во киднапирањето, а властите вчера на прес-конференција соопштија дека осомничените признале што направиле во случајот што го шокираше Балканот.

Видевски е тајно изведен на суд. Тој беше спроведен во судницата преку гаражата на судот, а потоа во лифтот до третиот кат.

По главниот осомничен за двојното убиство Љупчо Палевски Палчо е распишана меѓународна потерница. По злосторството на 30-ти ноември избегал во Белград, а оттаму во Бугарија.

На Александар Ѓорчевски, таткото на убиениот Вања, синоќа му беше одредена мерка притвор од 48 часа.

Исчезнувањето и убиството на малата Вања предизвика голем интерес во јавноста, не само во Македонија, туку и во целиот регион. За потрагата и трагедијата пишуваат и медиумите во соседството.

Извор. https://netpress.com.mk/karatistot-od-veles-ko-uchestvuval-vo-kidnapira-eto-na-va-a-uapsen-vo-negovata-shkola-za-borechki-veshtini-pred-uchenicite/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.