Карпош ја зголеми зградата во Влае, а пробува и да ја смести се поблиску до Партизанска, тврдат дел од жителите

news
Advertisement

Иницијативата „Борба за Влае“ од која дел се дел од жителите на ова маало, тврди дека Општина Карпош предводена од Стевчо Јакимовски, наместо да ја отстрани, ја зголемил катноста на зградата во маалото. Тие тврдат дека сторил и кривично дело. Тврдат дека сега, сопственикот е ставен и во подобра состојба при евентуално окрупнување на парцелата.

Advertisement

„Покрај сите работи за која Општина Карпош ги послуша барањата напишани на анкетните листови, за една парцела не само што не ги послуша туку и го направи спротивното – ја зголеми зградата. На одговорите на анкетните листови даде неточни информации (што е кривично дело), а дополнително пробува да ја смести зградата се поблиску до Партизанска за нејзините жители да не се пресметуваат во вкупното население на Влае (да ја направи „линиски центар“). Претходно оваа зграда беше зацртана да биде скалеста со максимална висина 11 спрата. Сега е еден огромен блок од 12 спрата, два мали блока од 10 и еден низок од 1 спрат. Парцелите кои се одземени од зградата се наменети за катна гаража (која нема должност да ја изгради инвеститорот на кулите), а со тоа му се олеснува да ја окрупни парцелата. Ова „намалување“ очигледно е направено само колку да се замачкаат очи на јавноста дека нешто е намалено, а всушност само му се олеснува на доминантниот сопственик ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ АПОЛО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ЕКСПОРТ-ИМПОРТ СКОПЈЕ полесно да ја оформи градежната парцела 01.06 без да обесштетува други лица и без да се договара со други лица, туку само да откупува за багатела земјиште од државата!
Бараме државното земјиште да биде наменето за јавно добро!“, велат од „Борба за Влае“.

Тие испорачаа и барања.

„Објектот да се намали на вредноста на стариот ДУП – објекти со максимална висина 8 метри со намена комерцијални и јавни содржини на локациите на бараките на сегашно Кино Влае (трговија, угостителство, занаетчиски и интелектуални услуги со можност за мал зелен пазар / повеќенаменска сала, административен простор, простории за слободни активности на млади и пензионери со придружни простории). Она што е дополнитлно навредливо е нееднаквиот третман на жителите/сопствениците. Овој инвеститор е привилегиран со огромниот коефициент на искористеност, 5.55, а кај сите жители во населбата со приватни парцели, тој коефициент се движи околу 2 и не повеќе од 4 за новопредвидени станбени згради. Во превод, ако еден сопственик на барака има плац од 100 квадрати за куќа, тој може да ја дигне ~2 повеќе (максимум 200м2 на својата површина, најчесто многу помалку), додека кулите на Кино Влае можат да се дигнат 5.5 пати повеќе. Во цело Влае единствен објект кој има волкав коефициент на искористеност е кулата во Порта Влае. Сите други згради во Порта Влае и населбата имаат 3.2-3.8 коефициент. Со тоа зградата на Кино Влае станува најпривилегираниот нов објект во цело Влае! Овие и другите барања можете да ги видите на нашиот фолдер со пополенти анкетни листови кои жителите можат да ги поднесат во општинските бараки“, додадоа тие.

Тврдат дека Општина Карпош и кон други објекти има привилигиран пристап.

„Денес, на јавната презентација, ќе носиме испечатени листови кои жителите ќе можат сами да ги поднесат, а во останатите денови од анкетата ќе пишуваме и за другите објекти кон кои Општина Карпош има привилегиран пристап додека зборува за потребите на локалното население кое најмалку добива. Се гледаме во 13:00 во бараките на Општина Карпош“, пишуваат тие.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0ohKuYCryubYRJEPeAhsqNhuEfmkne77RRk9GvhZTxqu8RMogxdbJVyXf1nV2Kj9Ql&id=100083133440805&mibextid=Nif5oz

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.