Касами му возвраќа на Ковачевски: погрешно толкуваш тези

news
Advertisement

Движењето БЕСА експресно му возврати на премиерот Димитар Ковачевски околу неговиот став дека Касами станува заложник ма политиките ма Левица.
Во соопштението испратено од партијата на Касами де вели следното:

Advertisement

Разбираме дека премиерот Ковачевски е во незавидна ситуација и немајќи политички капацитет и легитимитет да ја води Владата, тој ги толкува различно политичките позиции на Движењето БЕСА.
Барањето за предвремени парламентарни избори е барање на мнозинството граѓани бидејќи оваа влада не произлегува од легитимитетот добиен од последните парламентарни избори, затоа премиерот не треба да меша тези за уставни измени и предвремени избори.
Додека кога зборуваме за уставните измени, Движењето БЕСА уште еднаш го потврдува својот став дека бара да се отстрани терминот „20%“ и да се замени со терминот „албански јазик“.
Почитуван премиере, секој што е против јазикот на еден народ, особено во околностите на Северна Македонија, нужно е против европските вредности и Европската Унија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.