Кинески државјани илегално влегле во државата , фатени од граничната полиција

news
Advertisement

Петмина кинески државјани вчера биле фатени од граничната полиција, во близина на македонско-грчката граница. По проверка на нивните документи, полицијата увидела дека илегално ја минале границата.
„На 06.03.2024 во 15.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица во коритото на Сува Река ги пронашле Л.Х.(49), Т.Л.(34), В.Л.(32), Л.Х.(41) и Д.Ј.(31), сите од Народна Република Кина. По извршена проверка и контрола било констатирано дека лицата илегално влегле во државата,“ информираат од МВР.
Од Основен суд Гевгелија на лицата им била изречена парична глоба и прекршочна санкција – протерување на странец од територијата на РСМ во траење од три години.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.