Клинтон ја оцени ситуацијата на северот на Косово како „глупост“ и повика да се одржат нови избори

news
Advertisement

Кое важно политичко прашање може да се напредува со создавање тензии? На луѓето во тие општини им треба пристојна власт, а граѓаните треба да излезат и да гласаат, рекол поранешниот американски претседател Бил Клинтон од церемонијата во Тирана која се одржува во негова чест, коментирајќи ја ситуацијата во Косово
Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Бил Клинтон, кој е во дводневна посета на Тирана, денеска оттаму изрази загриженост за ситуацијата на северот на Косово и порча дека изборите во општините со мнозинско српско население треба да се одржат што поскоро.

Advertisement

Ситуацијата во северот на Косово, како што јавува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), Клинтон ја оценил како „глупост“, велејќи дека ниедно важно политичко прашање не се решава со создавање на тензии.

„Мислам дека властите направија грешка со изборот на четворица нови градоначалници. Треба да го искористат моментот за да престанат со оваа глупост. Кое важно политичко прашање може да се напредува со создавање тензии? На луѓето во тие општини им треба пристојна власт, а граѓаните треба да излезат и да гласаат“,

рекол поранешниот американски претседател, пренесе РСЕ.

Архивска фотографија: Бил Клинтон, поранешен претседател на САД
Клинтон ова го изјави на големата церемонија организирана во негова чест во Тирана. Оттаму ја повика косовската влада да му покаже на светот како изгледа „инклузивна иднина“ во поглед на правата на српското население кое е доминантно во четири општини на северот на Косово.

На приемот во чест на поранешниот претседател Бил Клинтон присуствуваа претставници на албанската влада, акредитирани амбасадори во Тирана, претставници на опозицијата, локалните власти и верските заедници.

Во својот говор од свеченоста, албанскиот премиер Еди Рама оцени дека придонесот на Клинтон за мирот, стабилноста и иднината на регионот ќе остане „драгоцено наследство на страниците на историјата“. Рама потоа му го додели признанието „Ѕвезда на благодарност за јавни достигнувања“ на поранешниот американски претседател.

Ова е прва посета на Клинтон на Тирана, додека пред 11 години во Албанија престојуваше неговата сопруга Хилари Клинтон, која во тоа време ја извршуваше функцијата државен секретар.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.