Ковачевски: Ако битката на НОБ беше за слобода, денес нашата битка е како Македонци да станеме дел од ЕУ до 2030 година

news
Advertisement

Ако првата битка која ја одреди македонската државност, беше битката против фашизмот, втората битка беше за независна, суверена и демократска држава, призната од целиот свет. Третата битка почитувани другари и другарки, е битката денешна, моја, ваша и на оваа генерација. Тоа е политичка борба за европска Македонија.

Advertisement

За полноправно членство во ЕУ како Македонци, кои говарат македонски јазик и остварување на уште еден наш, национален, стратешки интерес.

Овој процес е во тек, почнавме преговори со ЕУ и наше е да го завршиме до крај.

Мојата визија, визијата на #СДСМ и Владата кои ги предводам е реализација на децениската определба Северна Македонија да стане составен дел од големото семејство на Европската унија. Јас, Димитар Ковачевски ја предводам оваа партија и оваа про-европска коалиција и решен сум, заедно со вас, да ја оствариме оваа цел до 2030 година.

Немам дилема дека ќе успееме. Посветени сме и подаваме рака секој да се вклучи во процесот што ќе ја заокружи македонската европска иднина. Да не дозволиме деструктивните сили кои сакаат да ја закочат земјата и да ја вратат назад во некое мрачно минато, да успеат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.