Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш е против стратешките одлуки на државата

news
Advertisement

„ВМРО-ДПМНЕ е против сите стратешки одлуки кои што Северна Македонија ги има донесено од своето осамостојување до денес. Значи ако се навратиме на зачленувањето во НАТО, Преспанскиот договор, ако се навратиме на склучувањето на договорот со Бугарија, Договорот за користење на јазиците во државата, на преговарачката рамка…секогаш ВМРО-ДПМНЕ е против, меѓутоа не гласа против, тие секогаш ја напуштаат собраниската сала и секогаш после тоа се задскриваат зад граѓаните со барање на одредени референдуми итн“ изјави премиерот Димитар Ковачевски за МТВ.

Advertisement

Тој додаде дека земјава 17 години чекаше отпочнување преговори со ЕУ, а од тие 17, 11 години на власт беше токму ВМРО-ДПМНЕ.

„Проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ и политиката која што ја водеше тоа раководство, а која што политика е пресликана во ова раководство, е политика на дисконтинуитет на државата. Значи вие ако ја погледнете политиката која што ја водел претседателот Глигоров, која што ја водел премиерот Кљусев, која што ја водел претседателот Црвенковски, премиерот Георгиевски, претседателот Трајковски и ако ја споредите со политиката на единаесетте години на Груевски и на Иванов тогаш ќе видите јасна разлика“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека првите воделе политики на интеграција, добрососдески односи и напредок на земјата, а политиките од времето на Груевски беа декларативно за членство во НАТО и ЕУ, но работа тоа да не се случи.

„Денес нема никаква разлика, затоа што ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ е само наследство на претходното раководство. Тоа се советниците во кабинетот на бившиот претседател или претседател на Влада. Кои што исто декларативно се за НАТО и ЕУ, а од друга страна прават се да ги нарушат и внатрешните односи во државата, преку поставувањето на антиуставно прашање за референдум и второ поддршка на една политичка партија Левица која што има отворена соработка со политички партии од Руската Федерација и која што отворено се залага против членство на Северна Македонија и во НАТО и во ЕУ“ рече Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.