Ковачевски не се откажува од уставните измени

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски, на специјална прес конференција по расправата во Собранието за уставните измени, рече дека процесот започнал денес со полн состав на пратениците. Според него, станало кристално јасно кој сака Македонија да стане членка на ЕУ а кој сака да ја блокира, но најави дека проевропската коалиција ќе направи се за да ја тргне блокадата на патот кон ЕУ од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Најави дека од власта ќе работат натаму да обезбедат мнозинство и за да продолжи европскиот пат.

Advertisement

-Денес повторно се потврди дека единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада. Тоа проевропските граѓани нема никогаш да им го простат. Нема апсолутно никаква причина тоа блокирање да се случи. Покажаа дека немаат никакви аргументи, дека немаат идеја за дискусија и не водеа дебата. Со огромна леснотија ја блокираа европската иднина на граѓаните само заради лични цели, а против попросперитетен живот на граѓаните. Ако не знаат да дебатираат дома, како да очекуваме дека ќе водат дебата надвор со меѓународната заедница. Многу јасно е дека нивната цел не е да испреговараат нов договор, туку да блокираат и да ги спасат своите политички кариери, порача Ковачевски.

Наспроти тоа, тој оцени дека е јасно како ден е дека граѓаните сакаат да живеат во Европската унија, дека сакаат подобар животен стандард, подобро владеење на правото и подобра инфраструктура,со социјална правда, со вредности кои ги има единствено во ЕУ. „Дента кога ќе станеме земја членка на ЕУ, рече тој, ќе ги земеме сите странски пасоши што ги зеле нашите граѓани за да работат или живеат во ЕУ и ќе им ги вратиме на тие земји, бидејќи нема веќе да им бидат потребни за остварување на економските цели“.

Запрашан за отсуството на пратеникот Диме Велковски и за тоа дека Илија Николовски од Партијата на пензионерите не гласал за утврдувањето на дневниот ред, Ковачевски рече дека во коалицијата има апсолутно мнозинство за уставните промени, а Николовски не гласал бидејќи не му функционирало копчето, но не сакал да интеревенира и да побара поединечно гласање. Отсуството на Велковски, рече тој, било најавено и не бил присутен во Собранието, но тоа според него не значи дека нема да биде присутен на наредните седници. Тој немаше информација дека пратеник од неговата партија, наводно сакал да поднесе оставка.

Тој рече дека дискусијата за уставните амандмани и натаму ќе се води на сите нивоа бидејќи е важно прашање за иднината на граѓаните. На забелешката дека ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ денес не се изјаснил за или против уставните измени ,освен Силјановска кога зборуваше во свое име, Ковачевски рече дека тоа е причината што верува дека пред нас е усвојување на уставните измени – и тоа консензуално од сите пратеници.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.