Ковачевски нуди пет министри, Мицкоски прифаќа да влезе во Владата, ама без ДУИ, но бара и гаранции за македонскиот идентитет

news
Advertisement

Мицкоски откри дека Ковачевски во замена за поддршка на уставните измени му понудил влез во Владата, по што би отпочнале преговорите, би се отвориле две или три поглавја во процесот на преговори по што ќе биде согласен да се оди на избори.

Advertisement

„ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да учествува во таква Влада, со тоа што избори подготвува техничка влада сто дена пред одржување на избори, и евентуалните уставни измени да почнат да важат на денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамки на ЕУ од парламентите на 27 земји членки, изјави Мицкоски.

Освен ова, Мицкоски побарал европските институции да го гарантираат македонскиот идентитет, да подготват економски пакет за македонските граѓани и бизнисот како и гаранции дека Бугарија ќе ги спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права а кои се однесуваат на правата на Македонците во Бугарија.

Ковачевски, рече Мицкоски, ваквиот предлог го одби и го протолкува како крешње на ореговарачката рамка.

„Тогаш му предложив да одиме на предвремени избори кои ќе се одржат на три датуми на есен, да се формира влада на широко национално единство во која нема да биде дел ДУИ и бидејќи ниту една земја членка на ЕУ нема против македонскиот многувековен идентитет, традиција, култура, обичаи, македонски јазик, тогаш еве јас сум подготвен да разговарам со неколку премиери на следниот состанок на Европскиот совет да изгласаат потврда или гаранција за сето ова што го збориме, па да видиме дали е така како што ни велат, имајќи предвид дека и Бугарија има легитимна Влада и со тој документ да дојдеме пред македонските граѓани дека Европа застанува позади многувековниот македонски идентитет, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека 44-те пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата стојат заедно на ставот дека уставни измени на ваков начин нема да поддржат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.