Ковачевски од Брисел: Честитки до Спасовски и неговиот тим

news
Advertisement

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски од Брисел даде изјава во која изразува честитки за експресното и успешно затворање на случајот со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска, односно за вчерашното апсење на главниот организатор и извршител на убиството, Љупчо Палевски.

Advertisement

Ковачевски потенцираше дека добрата соработка која Спасовски ја воспостави со земјите од регионот и Европа се покажа на дело токму преку овој случај, во апсењето на Палевски.

„Дека соработката во сите области е клучна за напредок, како регионалната, така и меѓународната, е клучна во сите области, а посебно во борбата против криминалот и спроведување на законите, покажа и вчерашното успешно расчистување на грозоморното двојно убиство што ја потресе Република Северна Македонија, но и меѓународната јавност”, истакна Ковачевски.

Ковачевски го потенцираше фактот дека МВР веќе поднело кривична пријава до ОЈО.

„Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против пет лица, од кои еден е осомничен за грабнување и за убиство, тројца за грабнување и за соизвршителство при убиство и еден за помагање при грабнување, предвидени со нашиот Кривичен законик, што согласно доказите кои полицијата ги прибра во предистражната постапка. А вчеравечер министерот Спасовски доби известување од колегите од Република Турција дека креаторот и директниот извршител на злосторството е фатен и лишен од слобода на нивната територија, согласно оперативните сознанија што ги имаше нашата полиција за патеката на движење на осомничениот, откако ден претходно, на 04.12.2023, беше распишана итна меѓународна потерница од страна на Интерпол”, рече Ковачевски. Во таа насока, тој изрази благодарност до партнерите на МВР и на државата за успешноста во соработата.

„Токму за успешната партнерска соработка сакам да упатам посебна благодарност до Република Турција, Република Србија и Република Бугарија, на чии територии водеше патеката на движење на осомничениот и со кои секојдневно комунициравме, но и на Република Хрватска, која самоиницијативно изврши проверки на нивната територија и нѐ извести. Секако, посебна благодарност и на досегашната одлична соработка во рамки на Интерпол. Ова беше уште еден успешен пример дека само со блиска заедничка соработка може да очекуваме успешни резултати на секое поле”, потенцираше Ковачевски.

Брисел, ковачевски, Спасовски, честитки

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.