Ковачевски од завршната конвенција во Тетово најави поддршка на иницијативата за парк

news
Advertisement

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски најави поддршка на Иницијативата „Тетово сака парк“ од завршната конвенција пред изборите за членови на Советот на Општина Тетово кои ќе се одржат во сабота. Во обраќањето тој најави решавање на сообраќајниот хаос во градот, како и конечно ставање во функција на капелата на градските православни гробишта.

„Како еден од приоритетите на нашите идни советници ќе биде решавањето на сообраќајниот хаос преку реконструкција на постојните и пробивање на нови улици и булевари и секако изградба на мини спортски комплекс помеѓу новиот базен и постојното фудбалско игралиште со што ќе се добие една спортска целина која што Тетово ја заслужува, “ – рече Ковачевски.
Како поголемите проекти Ковачевски ги издвои новиот затворен пливачки базен, изградбата на студентски дом за потребите на ДУТ во Тетово, реконструкцијата на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, изградба на филтер станица на водоснабдителен систем во Тетово, а се пофали и со најавата за отворање на нова фабрика за електирчни возила.

„Пред само неколку денови бев овде и ја имав честа да учествувам во поставувањето на камен – темелникот на една од најважните инвестиции во Тетово но и во регионот и државата. Овде, во нашето Тетово, за многу брзо, целосно ќе се произведуваат електрични автомобили кои ќе бидат гордост на македонската индустрија и наш нов македонски бренд низ светот, рече Ковачевски, додавајќи дека она што денес е камен – темелник, утре ќе биде работно место за 890 работници“ – порача Ковачевски.
Носителотот на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Глигорије Стојановски порача дека ќе продолжат да работат за Тетово да прерасне во современ и модерен европски град. Тој најави дека идните советници од СДСМ и коалицијата ќе се заложат за реконструкција на постоечките и изградба на нови улици и локални патишта, градски парк во Тетово и нов спортски комплекс.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.