Ковачевски: Претседателскиот кандидат ќе биде од редовите на СДСМ

news
Advertisement

Премиерот ова го изјави прашан дали неговата партија би поддржала претседателски кандидат од ДУИ со оглед на вчерашната изјава на министерот Бујар Османи оти следната цел на ДУИ е претседател на државата. Рече дека кандидатот за претседател ќе биде од СДСМ исто како и на минатите избори
Сите политички партии имаат свои амбиции, но претседателскиот кандидат на изборите в година ќе биде од редовите на СДСМ, исто како што беше и на минатите избори, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, пред вечерашниот состанок на Извршниот одбор на партијата.

Advertisement

Тој ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање дали неговата партија би поддржала претседателски кандидат од ДУИ со оглед на вчерашната изјава на министерот Бујар Османи оти следната цел на ДУИ е претседател на државата зашто тоа е едиствената функција која сè уште има етнички монопол.

„Сите политички партии имаат свои амбиции, но претседателскиот кандидат ќе биде од редовите на СДСМ како што беше и на минатите избори и ќе ја има најшироката поддршка од политичките партии и граѓанските организации, поединци и така натаму, и тоа ќе биде претседателот на државата и во следниот мандат“,

рече Ковачевски.
Изјавата на Ковачевски доаѓа откако вчера министерот и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, изјави дека во наредните години земјава ќе го добие и првиот претседател кој ќе биде етнички Албанец, а оти следната цел на неговата партија е претседател на државата. Идејата, рече Османи, е да се разбијат етничките табуа и монополи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.