Ковачевски: 400.000 Полјаци кои отишле да работат во Ирска се вратиле назад поради високите плати на нивната земја откако е членка на ЕУ

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски информира за податок, со кој порача зошто е важно што поскоро нашата земја да стане дел од Европската Унија.

Advertisement

Тој зборуваше за податоците на Владата на Република Ирска.

-Според изнесениот податок, 400 илјади Полјаци кои отишле да работат во Ирска се вратиле назад бидејќи и бројот на работни места и висината на платите се многу поголеми откако Полска е членка на ЕУ. Тоа се поврзани одлуки и процеси што треба Северна Македонија да ја направат држава на среќни граѓани со повеќе работни места, повисоки плати и држава која што ќе има високо ниво на социјална правда и високо ниво на демократија. Тоа се принципите на кои е базирана Унијата, истакна Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.

Извор: https://lokalno.mk/kovachevski-400-000-poljaci-koi-otishle-da-rabotat-vo-irska-se-vratile-nazad-poradi-visokite-plati-na-nivnata-zemja-otkako-e-chlenka-na-eu/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.