Ковид е во Македонија, но без паника: Се испитуваат варијантите, има и тестови и вакцини

news
Advertisement

Наскоро ќе се знае кои варијанти на ковид-19 циркулираат во Македонија, тврди за „Слободен печат“ доктор Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести. Минатите месеци се правеле обиди од страна на Институтот за јавно здравје да се соберат доволен број на примероци, односно материјали врз основа на кои ќе се врши секвенционирањето и тие се собрани, а резултатите ќе бидат објавени наскоро.

Advertisement

-Со Институтот за јавно здравје веќе некој период сме во комуникација да се изврши секвенционирање за да знаеме кои варијанти циркулираат кај нас. Но, во август имаше 112 случаи, а во јули 23 случаи на ковид и немаше доволно материјал за да се изврши секвенционирањето. Тешко беше да се собере репрезентативен материјал за секвенционирање на вирусот. Сега се собра материјал и наскоро ќе ги имаме резултатите и ќе знаеме кои варијанти се актуелни кај нас, изјави доктор Мехмедовиќ за „Слободен печат“.

Во земјава и понатаму достапни се вакцните против ковид-19 кои беа актуелни во изминатите бранови од пандемијата, а новите вакцини, прилагодени на поновите соеви не се достапни никаде во Европа па ни кај нас, тврди доктор Мехмедовиќ.

– И двовалентните вакцини кои ги имаме во земјава во количина од 50 илјади дози се ефикасни. Симптомите на ковид се исти како и кај настинка или како кај алергиска реакција. Тоа се течење на носот, болка во грлото, температура, болки во зглобовите, малаксаност. Тешко се разликуваат од другите вируси актуелни во есенскиот период. Кај асимптоматските случаи не се препорачува тестирање. Тестирањето се препорачува само во координација со матичен лекар и ако пациентот има симптоми. Тестовите се достапни во Институтот за јавно здравје и има доволно на располагање, вели тој.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести пред една недела информираше дека во сите вакцинални пунктови во САД се достапни новите, апдејтирани вакцини против ковид-19, дизајнирани за да ги таргетираат вирусните варијанти на ковид кои што моментално циркулираат. Во САД тие се препорачани за сите постари од 6 месеци и се на Фајзер. Станува збор за вакцина адаптирана да заштитува од варијантата XBB.1.5. Oваа варијанта се појави пред неколку месеци и го задржа вниманието на вирусолозите зашто содржи повеќе мутации да го избегне имунолошкиот одговор отколку другите варијанти. Оваа варијанта прави вирусот да биде попренослив бидејќи има мутација што помага вирусот подобро да се сврзе за клетките.

Извор: https://www.slobodenpecat.mk/kovid-e-vo-makedonija-no-bez-panika-se-ispituvaat-varijantite-ima-i-testovi-i-vakcini/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.