Дека животот пишува романи и има свој тек што човечкиот ум не може да го разбере, докажува и малата Еди Медок-Џонс, која е родена со само 460 грама и помала од човечка дланка, а кожата и била скоро проѕирна … бидејќи таа е родена во 23-та недела, сè укажувало на тоа дека Еди нема да преживее, но таа го стори токму тоа – ја победи лошата прогноза и реши да ги израдува своите родители!
Во првите две недели по раѓањето, Еди се борела со крварење во мозокот, пневмонија, сепса, ниско ниво на тромбоцити, недостаток на железо, срцеви шумови … Лекарите им објасниле на нејзините родители Никол и Дејвид дека може да се појави ситуација да ги исклучат апаратите.
Мајка ѝ на Еди, Никол вели дека сè било во ред се до 23-та недела од бременоста, кога отишла на редовна контрола кај гинекологот.
Лекарите направиле се‘ за бебето да биде во матката до 24-та недела, што се смета за минимум потребен за бебето да има шанса да преживее … Но, Никол не успеала да издржи и раѓањето започнало.
„Ме фати паника затоа што ќерка ми се роди толку рано. Се сеќавам на лекарот кој рече дека фетусот не е во можност да преживее ако се роди пред 24-та недела. Се чувствував беспомошно и скршено. Тој зборуваше за моето бебе како фетус, а за мене тоа не беше фетус – тоа беше нашето мало девојче“, вели жената.
После 109 дена тешка и непрекината борба, Еди конечно можела да си оди дома – здрава и права. Денес, оваа девојка има четири години и е малку помала од нејзините врсници, но освен тоа, нема други проблеми – таа е среќна и радосна.
„Кога се роди Еди, тоа беше најлошиот период во мојот живот, и јас точно знаев како се чувствуваат родителите на девојчето. Исто така, знам колку е потребно мајката на предвремено родено бебе да се бори за своето дете да преживее. Лекарите мене ми рекоа дека моето дете нема да преживее, но Еди е доказ дека и најмалите бебиња можат да се борат за здрав и среќен живот “, рече Никол.