Кои мажи најдолго издржуваат во кревет?

news
Advertisement

Ново истражување на Институтот Кинси откри интересни информации за тоа колку често луѓето имаат секс, како и за нивниот сексуален нагон и стил на живот.
Најчесто, но не и временски најдолго, секс имаат младите на возраст од 18 до 29 години. Според студијата, просечно имаат секс 112 пати годишно или двапати неделно.

Advertisement

Лицата на возраст од 30 до 39 години имаат секс поретко, односно 86 пати годишно или 1,6 пати неделно. Возрасната група од 40 до 49 години има двојно помалку сексуални односи од 20-годишниците, односно 69 пати годишно или помалку од еднаш неделно. Како главна причина за тоа го наведуваат стилот на живот и недостатокот на сексуална желба.
Кога станува збор за луѓето постари од 50 години, истражувачите велат дека постојат мал број истражувања кои би одговориле на ова прашање, сексуалноста на луѓето постари од 50 години не се проучува доволно. Според анализите, здравствената состојба, телесните потешкотии и опаѓањето на сексуалната желба се главни причини поради кои луѓето постари од 50 години имаа секс неколку пати годишно.

Што станува со траењето на сексот?
Истражувачите собрале 500 пара, ги ставиле во спална соба и го мереле времето на сексот. Учесниците имале за задача да притиснат копче кога се случувало пенетрација и стоп копче кај ејакулација.
Студијата открила дека кај повеќето луѓе сексот трае многу кратко, во просек 5,4 минути. Ова време се однесува исклучиво на секс без предигра, галење, допри и орален секс.
Најдолго издржале покрупните мажи, па може да се заклучи дека телесната тежина е еден од најважните фактори кога станува збор за ова прашање.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.