Колку секс е доволно секс?

news
Advertisement

Сигурно некогаш сте се запрашале која е “нормалната” бројка на сексуални односи во текот на одреден период.

Advertisement

Секако, сите сме различни, па додека некој сака да ужива во сексот со партнерот секој ден, на други и еднаш месечно им е доволно. Меѓутоа, тоа не нѐ спречува да погледнеме што велат експертите за тоа.

Имено, после спроведеното истражување на Кинси институтот, резултатите покажале дека личностите на возраст од 18 и 29 години во просек уживаат во сексот 112 пати годишно, оние меѓу 30 и 39 години имаат во просек секс 86 пати годишно, а личностите на возраст од 40 до 49 години водат љубов 69 пати во текот на една година.

Истите резултати покажуваат и дека 13% од паровите кои се во брак имаат секс само неколку пати годишно, 45% од нив рекле дека имаат секс неколку пати месечно, додека 34% рекле дека имаат секс по три пати во текот на една недела. Само 7% изјавиле дека уживаат во сексот повеќе од четири пати неделно.

Најголемиот број на испитаници одговориле дека им е потребно минимум еднаш месечно да имаат секс, “ќе бидат задоволни” со однос еднаш неделно, а најдобро би било доколку имаат секс 3 до 5 пати неделно.

Некои на шега велат дека никогаш не може да биде “премногу”, но и дека не постои “нормален” број на сексуални односи кои би требало да ги имате со партнерот – доволно е да имате онолку со колку и двајцата сте задоволни, нели?

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.