Колку с*кс е доволно? Ова прашање мачи многу парови, а еве дали постои точен одговор

news
Advertisement

Повеќето парови се прашуваат дали имаат нормален сексуален живот и колку сексуални односи се доволни.

Advertisement

Научниците од Институтот Кинси дојдоа до долгоочекуваниот одговор во новото истражување каде откриваат колку секс треба да има секој според возраста.

Податоци кои ќе изненадат многумина се дека младите на возраст од 18 до 29 години имаат секс 112 пати годишно.

Тоа е во просек два пати неделно. Луѓето на возраст од 30 до 39 години имаат секс 86 пати годишно, што и не е толку лошо 1,6 пати неделно.

Паровите во 40-тите имаат секс 69 пати годишно.

– Како што старееме, се зголемуваат шансите за заразување со некои хронични болести, што негативно влијае на зачестеноста и квалитетот на сексуалните активности – се наведува во студијата.

Она што е изненадувачки е што луѓето постари од 50 години не се вклучени во овој експеримент.

Претходно истражување на научниците од Универзитетот во Манчестер, во кое биле опфатени луѓе на возраст од 50 до 90 години, покажало дека овие парови успеваат да одржат сексуален живот и покрај здравствените проблеми.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.