Колку ќе трае предистражната постапка за случајот со Онкологија?

news
Advertisement

Предистражната постапка нема конкретен рок до кога би траела се додека не се добијат сите конкретни докази поврзан со целиот процес и сомнежите дека лекови за болни од рак се краделе и се продавале на црно. Адвокатат Александар Тумановски за Канал 5 објаснува дека за случајот со „онкологија“ засега има само основ за сомнение, а тоа се пријави од оштетени. Во оваа фаза доколку има кој конкретно ги сторил делата ќе има основано соменине да се влезе во фаза да се води истрага, а со доволно докази и да се подгине обвиниение. Тогаш може да се говори за рокови, објаснува Тумановски.

Advertisement

Засега во обвинителство се повикуваат вработени од клиниката, сведоци пациенти, но и се одземаа компјутерите каде треба да се провери начинот на кој била одобрувана терапијата кој се ја примал и дали на одредени пацинети била дадена цела доза. Доколку започне истрага таа може да трае 18 месеци, доколку во отворањета на истрагата има и определување на притвор таа може да трае и шест месеци.

Помина една недела од скандалот со клиниката за онклогија кога МВР и јавен обвинтел влегоа во клиниката. Во април годинава во ревизорскиот извшетај беше јасно кажано дека влезот и излезот на биолошката терапија не се совпаѓал. Канал 5 повеќе од една година снимаше сведоштва на пациенти кои кажуваа дека нема терапија или им требало да дадат пари за терапија која била обезедувана со државни пари. Во клиниката е укинат КАТО системот што презицно контролирал која терапија се прима кој прима и во која количина. Минатиот понеделник директорката на клиниката Клисарова објасни дека сите ја чекаат целата постапка и побара целиот персонал да не се става во криминално дејствије. Таа гаранитира дека во периодот од шест месеци кога таа е директор терпијата се давала според сите протоколи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.