Командирката која славеше со торта и музика за новата функција е незаконски унапредена, тврди Синдикатот на полицијата

news
Advertisement

Еден од трите синдикати на полицијата, Синдикат на македонска полиција во соопштение до јавноста го праша министерот Оливер Спасовски зошто се унапредуваат подобни кадри во МВР без да ги исполнат условите кои ги налагаат Законите и систематизацијата.

Advertisement

Се работи случајот со унапредувањето на внуката на актуелниот градоначалник на Општина Чучер Сандево во командир на ПО Мирковци која е актуелна со видеото на социјалните мрежи на кои ја пее „Не ни може никој ништо, посилни сме од судбината“ пред специјално изработена торта за унапредувањето додека и дава пари на музиката.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid032iSR2H1kEB5jQaf3che3uFPP3fr5JCGm3CtSMhyFxVcde31ig81aYD2z1Qj2jXMql&id=100091055131298&mibextid=Nif5oz

Имено лице од тесна фамилијирана спрега – “внуката” М.К на актуелниот градоначалник на Општина Чучер Сандево, која и од пред некој ден е унапредена со решение на Министерот, во Командир на ПО Мирковци при СВР Скопје, и тоа во спротивност на законските прописи, без соодветно високо образование и работно искуство од само 5 години рабтен стаж.

Исто така за новопоставената командирка се пријавени притисоци кои се вршат од нејзина страна кон полициските службеници за изнуда на парична средства а за кое и за одреден баран износ од 250 евра, и се доставени соодветни докази од (скрин шот фоотографии) од испраќање на пораки преку социјални мрежи, со прикажано одредување и предупредувања од претпставената кон секој полицаец каде и колку треба да остави парични средства во папка за Командирката.
Ваквите кадри се срам и понижување за сите вработени во МВР“, порачаа од Синдикатот на македонската полиција.

„Сакаме воедно и јавно да му укажеме на Министерот за внатрешни работи на недоследностите,незаконските и непрофесионалните унапредување, со кои се продолжува праксата за партизирање раководни кадри а кои наместо истите да запрат создаваат уште поголемо незадоволство кај полициските службеници како вработени во МВР“, се вели во соопштението.

Извор. https://a1on.mk/macedonia/komandirkata-koja-slaveshe-so-torta-i-muzika-za-novata-funkcija-e-nezakonski-unapredena-tvrdi-sindikatot-na-policijata/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.